Продолжуваат фудбалските возбудувања на турнирот во мал фудбал „Враништа 2025“, во рамките на осминафиналето.
Инекс Олгица во првиот меч, во неизвесен и драматичен дуел, со тесни 2:1 го совлада тимот на Кафе Линди и обезбеди пласман во следната фаза од турнирот.
Вториот натпревар се решаваше во пенал-рулетот, откако во регуларниот дел Бел Мерцедес и Том Гор одиграа 1:1, а во пенал-серијата Бел Мерцедес беше поуспешен со резултат 5:4.

Третиот меч донесе најмногу погодоци, со убедлива победа на Станица и Викса Пром, кои со 4:2 ја совладаа екипата на Гостилница кај Мече.
Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.
