Ракомет

Тасески до навивачите: ,,Дојдете и дајте ни поддршка на последниот домашен меч, годинава!”

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Утре, со почеток од 18:00 часот, во рамките на 17. коло од ракометната Супер лига, ГРК Охрид ќе го одигра последниот домашен натпревар за оваа година, кога во „Билјанини Извори“ ќе гостува актуелниот шампион- Еурофарм Пелистер.

По важната победа на гостувањето кај Тиквеш, охриѓани со полн фокус и нетрпение го очекуваат големиот предизвик.

Кружниот напаѓач на Охрид, Иван Тасески, нагласува дека пред тимот е сериозен испит против шампионот, но атмосферата во екипата е позитивна по последниот триумф.

Исто така, тој истакнува дека сите ќе го дадат максимумот за да се претстават во најдобро можно светло и упатува отворен повик до навивачите и љубителите на ракометот да бидат дел од овој ракометен спектакл.

„Во недела го играме последниот натпревар на домашен терен за оваа година. Ни доаѓа актуелниот шампион на Македонија, екипата на Еурофарм Пелистер. После победата во Тиквеш фокусот ни е на овој натпревар. Ќе го дадеме сите максимумот за да се покажеме во што подобро светло на овој натпревар. Ја повикувам навивачката група „Рибари“, љубителите на ракометот, да дојдат во што поголем број да уживаат во овој натпревар“- изјави Тасески.

Неделниот дуел со Пелистер ќе биде вистински тест за ГРК Охрид, а поддршката од трибините ќе има посебна тежина на последниот домашен настап за оваа година во „Билјанини Извори“.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Поврзани написи
Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!