Втора женска фудбалска лигаФудбал

Салихи и Стојковска го декласираа Порече, Вардар го „здроби“ Борец, Билјанини Извори до три бода!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Фаворитот Кочани во рамки на 2. коло со убедливи 0:8 го декласираше Порече во Македонски Брод на крилата на Афродита Салихи која постигна пет погодоци и Ангела Стојковска која постигна три погодоци, во рамки на 2. коло од Втората женска фудбалска лига.

Салихи, Стојковска, Милевска… прават големи разлики во квалитетот на Кочани во однос на Порече, но и генерално во однос на другите екипи, па сосема очекува е дека Кочани лесно ќе стигне до првото место и директниот влез на Кочани во Првата лига.

Вардар со убедливи 0:11 го декласираше Борец среде Велес, кој немаше сили воопшто да парира на фаворитот од Скопје.

Мила Наумовска постигна четири погодоци, Теодора Јанковска постигна два гола, а по еден гол постигнаа Мирјана Ѓеровска, Џенита Кицара, Матеја Анческа и Јана Јовановска, додека пак Александра Пешова си постигна автогол.

Екипата на Билјанини Извори со 1:2 славеше над Плачковица на гостински терен.

Александра Алексиеска во 23. минута погоди за 0:1 на полувреме, а на стартот од вториот дел најдобрата кај охриѓанки Марија Јулчовска погоди за 0:2.

Плачковица во 70. минута преку Розета Ташкова намали на 1:2, но до крајот немаше сили за изненадување, па трите бодови заминуваат за Охрид.

Јоана Никова е херој за дебитантот Слободен откако со гол во 87. минута обезбеди бод за новиот член на Втората женска фудбалска лига во дуелот против Победа Валандово кој заврши без победник 1:1. За гостинот од Валандово погодија Наталија Кавазова во 25. минута од мечот.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!