Прва женска фудбалска лигаФудбал

Саса го доби дербито со Ас Јунајтед, Тиверија и Љуботен според планот, реми во Битола!

Сподели
Сподели

Тиверија Брера прокнижи убедлива победа над Скопје 2014 со резултат од 1:4 во натпревар од 6. коло на Првата женска фудбалска лига.

Гоја, Панеска, Бошеска и Копли беа стрелци за струмичкиот прволигаш, а за домашниот тим погоди Крстева.

Каменица Саса со 3:1 славеше во дербито со Ас Јунајтед од Струга, во меч каде Фрагосо погоди двапати за домашниот тим, а еден гол беше дело на Димитровска, за гостинската екипа погоди искусната голгетерка Улза Максути во вториот дел од мечот.

Шампионот Љуботен со 0:8 го декласираше тимот на Речица во меч каде Хава Мустафа постигна пет гола, а Елена Симјанова три гола.

Реми и поделба на бодовите на Топ Гол и Истатов, кој одиграа 1:1. Меланија Грозданова постигна гол за 0:1 во 6. минута од мечот, а во 13. минута Маргарита Талевска постигна гол за конечни 1:1.

Во оваа коло одмараше екипата на Атлетико од Битола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!