Втора лигаТрета лигаФудбал

Две од трите поразени екипи ќе добијат нова шанса за Втора лига преку ждрепка

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Иако денес беа поразени во бараж натпреварите за Втората македонска фудбалска лига, тимовите на Големо Коњари, Преспа и Осогово сè уште не ги загубиле сите надежи. Ќе има втора шанса – но ќе зависи од среќата.

Фудбалската федерација на Македонија ќе организира ждрепка на која две од трите поразени екипи ќе бидат извлечени и ќе добијат директна промоција во Втората лига за сезоната 2025/2026. Само една екипа ќе остане кратка и ќе ја пропушти оваа дополнителна можност.

Големо Коњари беше блиску до успехот, но по голема драма против Тетекс и нерешен резултат од 2:2 во регуларниот дел, беа елиминирани по изведувањето на пенали. Преспа немаше одговор за расположената Слога Виница и беше поразена со убедливи 0:3, додека Осогово, и покрај солидната борба, загуби со 2:1 од Шкендија Арачиново.

Сега, сите очи се вперени кон ждрепката. Судбината на овие три клуба ќе ја одлучи еден обично ливче – но за нив, тоа ќе биде шанса да се вратат таму каде што веруваат дека припаѓаат – меѓу второлигашите.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!