Во недела на Чаир ќе се одигра баражот за Првата македонска фудбалска лига меѓу Беса која ќе бара опстанок во елитата и второлигашот Башкими кој сака влез во ПМФЛ.
Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на прволигашкиот бараж. Стојанче Трпчевски од Скопје ќе биде главен судија на натпреварот, а негови помошници ќе бидат Тоше Ицев од Кавадарци, Дарко Видиниќ од Скопје, а пак Кирил Смоквоски од Прилеп ќе биде четврти судија на натпреварот.
За делегат е делегиран Тони Шалев од Кавадарци, а пак контролор ќе биде Димитар Мечкаровски од Скопје.
Бараж натпреварот за Првата македонска фудбалска лига ќе започне во 17 часот.