Трета лигаФудбал

Петар Ристовски најдобар стрелец во Трета лига – Југ, Мемедов втор најдобар стрелец, Алимоски трет!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Фудбалерот на Венец од Долни Дисан, Петар Ристовски, ја заврши сезоната 2024/2025 како најдобар стрелец во Третата македонска фудбалска лига – Југ, со вкупно 25 погодоци.

Веднаш зад него се наоѓа Армен Мемедов од Дреново, кој постигна 22 гола, додека трет на листата е шампионот Беким Алимоски од Големо Коњари, со 21 погодок. Алимоски со својот тим се подготвува за бараж натпреварот за влез во Втора лига, каде што ќе се сретне со Тетекс – шампионот од Запад.

  • Погледнете ја целосната листа на најдобрите стрелци во Трета лига – Југ:
Голови Играч Клуб
25 Ристовски Петар ФК Венец с. Долни Дисан
22 Мемедов Армен ФК Дреново 2016
21 Алимоски Беким ФК Големо Коњари
15 Паноски Игор ФК Ултрас
15 Тошески Бобан ФК Ултрас
14 Ахмедовски Зани ФК Башкими 2008
13 Каришиќ Емир ФК Слога 1976
13 Димоски Антонио ФК Младост 1930
10 Китаноски Димитар ФК Младост 1930
10 Тасески Миодраг ФК Ултрас
10 Тошески Виктор ФК Големо Коњари
9 Ибраимоски Ерџан ФК Големо Коњари
9 Јашари Аљбим ФК Башкими 2008
9 Миланов Бојан ФК Росоман-83
9 Стефановски Дејан ФК Превалец
9 Стојанов Пеце ФК Превалец
8 Митрески Илчо ФК Големо Коњари
8 Селманоски Мустафа ФК Големо Коњари
8 Усеиноски Мевлан ФК Влазними Јуниор
7 Гаштев Ангел ФК Превалец
7 Деркоски Мартин ФК Младост 1930
7 Угљанин Адмир ФК Слога 1976
6 Велиоски Емрула ФК Влазними Јуниор
6 Николовски Андреј ФК Бучин

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!