Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Кул Здравје – апсолутен шампион во Трета лига помлади пионери!

Сподели
Сподели

На Градскиот стадион во Македонска Каменица се одигра финалниот натпревар за апсолутен шампион во Третата лига за помлади пионери. Во големото финале, екипата на Кул Здравје од Скопје со резултат 1:3 славеше против домаќинот Каменица Саса.

Скопјани дојдоа до брза предност со два рани погодоци, кои се покажаа како клучни за исходот на натпреварот. Атанасие Жепчевски беше двоен стрелец – погоди во 4. и 7. минута за рано водство од 0:2. Во 38. минута Стефан Стефаноски зголеми на 0:3, со што Кул Здравје ја заокружи својата доминација во првото полувреме.

Во второто полувреме, „рударите“ од Каменица се обидоа да се вратат во игра, но единствениот погодок го постигнаа во 79. минута преку Александар Митевски, кој го постави конечниот резултат 1:3.

Каменица Саса имаше одлична сезона во Трета лига помлади пионери – А-лига, завршувајќи на првото место со биланс од 16 победи, 3 ремија и само 2 порази. Тимот беше најдобар дефанзивно со само 10 примени гола и постигна 44 погодоци.


Кул Здравје пак, доминираше во Б-лигата – со 17 победи и 3 порази на 19 одиграни натпревари, постигна импресивни 76 гола и имаше најдобра одбрана со 15 примени погодоци.

Со овој триумф, Кул Здравје ја круниса својата извонредна сезона и заслужено го понесе трофејот за апсолутен шампион во Третата лига за помлади пионери во сезоната 2024/2025.


Фудбалскиот клуб Кул Здравје важи за клуб кој е расадник на големи фудбалски таленти.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!