Фудбалската федерација на Македонија ги објави конечните локации за одигрување на бараж натпреварите за пласман во Првата и Втората македонска фудбалска лига.
Бараж натпреварот за влез во Првата лига меѓу Беса и Башкими ќе се одигра во недела (25 мај) на Чаир во Скопје, со почеток од 17:00 часот. Првично, овој дуел беше закажан за Градскиот стадион во Кавадарци, но дојде до промена на локацијата.
Промена има и кај еден од трите бараж натпревари за Втората лига – мечот меѓу Шкендија Арачиново и Осогово, кој требаше да се одигра на Чаир, ќе се пресели токму на Градскиот стадион во Кавадарци.
Останатите две пресметки остануваат на претходно утврдените терени:
-
Преспа – Слога Виница ќе играат на тренинг центарот на ФФМ во Скопје,
-
Големо Коњари – Тетекс ќе се одигра на стадион „Ѓорче Петров“.
Сите бараж натпревари за Втора лига ќе се одиграат во сабота (24 мај) од 17:00 часот.
Комисијата за натпревари при ФФМ ги прогласи сите овие средби за високоризични натпревари.