Втора лигаФудбал

Ждрепка за баражите за пласман во Втора лига – утре во 12 часот

Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија информира дека утре (вторник), со почеток во 12:00 часот, во просториите на „Куќата на фудбалот“ ќе се одржи ждрепката за бараж натпреварите за пласман во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) за сезоната 2025/26.

Во ждрепката ќе учествуваат шест екипи – Осогово, кој оваа сезона настапуваше во Втората лига, и петте шампиони од Третата лига:

  • Шкендија Арачиново (Север)
  • Слога Виница (Исток)
  • Големо Коњари (Југ)
  • Преспа (Југозапад)
  • Тетекс (Запад)

Спортска Мрежа подготвува емисија за детално претставување на екипите. Новата емисија на Спортска Анализа на Спортска Мрежа ќе се емитува оваа недела.

Бараж натпреварите ќе се играат во сабота, на 24 мај, со почеток од 17:00 часот. Победниците од трите дуели ќе обезбедат место во ВМФЛ во наредната сезона.

Истовремено, утре ќе се одржи и состанок со екипите кои ќе се борат во баражот за пласман во Првата лига (ПМФЛ). Тој натпревар ќе се игра во недела, на 25 мај, со почеток исто така во 17:00 часот. На состанокот ќе бидат утврдени и стадионите на кои ќе се одиграат сите бараж средби.

Како што дознава Спортска Мрежа, бараж натпреварот за влез во Прва лига ќе се игра на Градскиот стадион во Кавадарци, но да причекаме на конечната и официјална одлука на ФФМ.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Радовишани вечерва пресилни на „Стојаково 2025“, многу погодоци кај јуниорите!

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“, каде одново покрај многубројната публика имаше и голем број на...

Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново гради тим за Прва лига!

Второлигашот Шкендија од Арачиново има јасна цел и визија – влез во Првата македонска фудбалска лига. Тимот кој го води Љупчо Марковски –...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново гради тим за Прва лига!

Второлигашот Шкендија од Арачиново има јасна цел и визија – влез во...

Втора лигаФудбал

Втора „бомба“ во Арачиново: Шкендија се засили со голманот Антонио Столевски

Второлигашот Шкендија Арачиново најавува дека ќе биде најактивен на трансфер пазарот –...

ИнтернационалциФудбал

Европска сензација во Скопје – Шкендија го тресна Слован и останува во игра за историска пролет

Шкендија продолжува да ја пишува својата најуспешна европска сезона. Македонскиот шампион одигра...

Трета лигаФудбал

Третолигашот Еуромилк ГЛ се засили со Димитар Стојановски

Есенскиот шампион во Трета лига – Север, тимот на Еуромилк од Горно...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!