Лопати против Победа од Тромеѓа ќе биде финалето за шампион на Општинската фудбалска лига (ОФЛ) Куманово или Четврта лига по ранг на натпреварување.
Екипата на Победа од Тромеѓа со резултат од 2:0 триумфираше над Јуниор од Доброшане во полуфиналето. Стрелец на првиот гол беше Дарко Јосевски кој погоди во 16. минута за 1:0 на полувреме, а во вториот дел Милан Благојевиќ погоди во 80. минута за конечни 2:0.
Во вториот полуфинале меч беа постигнати девет погодоци за убедлива победа од 8:1 над Четирце. Доминантен меч каде победникот беше најавен уште во првиот дел кога Лопати имаше предност од 3:1.
За екипата на Лопати хет-трик постигна Љиридон Реџепи, а по еден гол постигнаа Мухарем Исени, Иљбер Алили, Ринор Исени, Азиз Амети и Егзон Јакупи. За екипата на Четирце единствен стрелец беше Дарко Трајковски кој погоди во 24. минута.
Полуфиналните натпревари се одиграа на теренот во Агино Село, а технички организатор е ФК Македонија Агино. Полуфиналето беше одлично организирано и се помина во најдобар ред.
Финалето меѓу Победа од Тромеѓа и Лопапи ќе се игра во недела (24 мај).