Нашиот најдобар македонскиот автомобилски ас Игор Стефановски- Иџе продолжува со импресивните настапи на меѓународната сцена. На трката одржана овој викенд во Шпанија, Стефановски успеа да го освои второто место, демонстрирајќи врвна возачка вештина и борбен дух.
Овој резултат е уште еден доказ за неговата константност и подготвеност да се натпреварува со најдобрите возачи во Европа. Иџе продолжува да ја носи македонската тркачка гордост на интернационалната сцена и со вакви настапи уште еднаш потврдува дека заслужено е дел од елитата во автомобилизмот
„Изгубено е првото место за 0.8 стоти делови од секунда. Тоа докажува какви се овие трки – неизвесност до самиот крај, борба при секоја кривина за што подобар пласман. И покрај тоа што во првото и третото возење имав најдобро време и прва позиција од сите натпреварувачи, за жал, во второто возење направив грешка, која не чинеше позиција на пиедесталот. Секако, можам да кажам дека сум исклучително задоволен од трката која помина. Огромен успех за мене и за Македонија е да се биде на еден ваков натпревар со 100 натпреварувачи“, изјави Стефановски по трката.
Со овој резултат, Иџе уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите европски возачи и продолжува достојно да ја претставува Македонија на највисоко ниво во автомобилскиот спорт.
Виолета Јанчева, Спортска Мрежа