ФудбалЧетврта лига

Агино Село подготвено за плеј-оф возбудувањата во ОФЛ Куманово со пиво и мезе

Сподели
Сподели

Фудбалскиот терен во Агино Село е целосно подготвен за денешните плеј-оф натпревари на Општинската фудбалска лига Куманово, кои ќе одлучат кој тим ќе обезбеди пласман во Третата македонска фудбалска лига – Север.

Организаторите од ФК Македонија Агино најавуваат вистински фудбалски празник, со многу публика, ладно пиво, вкусно мезе и одличен фудбал.

Денес, 17 мај, ќе се одиграат двете полуфинални средби: од 15:00 часот ќе се соочат Лопате и Четирце, а од 17:00 часот Јуниор и Победа. Победниците од овие дуели ќе се пласираат во големото финале што ќе се игра на 25 мај.

ФК Македонија Агино ги поканува сите љубители на фудбалот да уживаат во возбудливите натпревари и пријатната атмосфера на теренот во Агино Село. Очекувајте спорт, дружење и вкусни моменти!

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!