Кошарка

Баскет Кам на чекор до нова титулата – нова победа над Крива Паланка

Сподели
ФОТО: КФСМ
Сподели

Актуелниот шампион Баскет Кам забележа и втора победа во финалната серија од плеј-офот против екипата на Крива Паланка, триумфирајќи на домашен терен со резултат 87:74. Со ова, составот од Македонска Каменица поведе со 2-0 во серијата што се игра до три победи, и сега ќе има шанса да ја завери титулата на гостински терен.

За разлика од првиот натпревар, вториот меч понуди многу поефикасна и динамична игра од двете страни. Баскет Кам го отвори натпреварот со висок ритам, што резултираше со водство од 55:44 на полувремето.

Гостинската екипа од Крива Паланка се врати во третиот период, кој го доби со 16:11, намалувајќи ја предноста и задржувајќи надеж за пресврт. Сепак, во последната четвртина домашните кошаркарки повторно го презедоа контролата и веќе по четири минути стигнаа до двоцифрена разлика (73:62), која умешно ја задржаа до самиот крај.

Најзаслужна за победата беше Ивана Кметовска со фантастични 33 поени, додека Адамовска постигна 19, Максимовска 17, а Димова се запиша со 14 поени.

Кај гостинскиот состав, Робинсон беше најефикасна со 26 поени, Мејклејни додаде 20, а Ѓеоргиевска се истакна со 15 поени.

Серијата сега се сели во Крива Паланка, каде Баскет Кам ќе има прва меч-топка за четврта последователна шампионска титула во македонскиот женски кошаркарски шампионат.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка...

Кошарка

Гевгелија – град на кошарката: девет екипи ќе се натпреваруваат во сезоната 2026/2027

Гевгелија продолжува да ја гради својата кошаркарска приказна, а во пресрет на...

Кошарка

Гостивар и Феникс 2010 немилосрдни, Охрид и Вардар со нови победи во Првата кошаркарска лига

Второто коло од Првата македонска лига во кошарка донесе високи резултати, убедливи...

Кошарка

МЗТ Скопје со трет пораз во ФИБА Еврокупот, Вурцбург славеше на домашен терен

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе третиот пораз во групната фаза...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!