Турнири

Убедливи победи и голови во изобилство на „Враништа 2025“ – Гостилница кај Мече и Кафе Линди ги „искинаа мрежите“!

Сподели
Сподели

 

Турнирот во мал фудбал „Враништа 2025“ и вечерва ги воодушеви фановите со уште една серија возбудливи натпревари и високи резултати. Екипите продолжуваат да даваат максимум, а атмосферата на терените е незаборавна.

Чардак Велгошти запиша важна победа над Волино со резултат 4:2. Тимот покажа одлична игра во напад и цврстина во одбрана.

Во следниот натпревар, Јован 2014 со убедлива игра го победи тимот на Компани Стојкоски со 6:1, прикажувајќи доминација и сигурност во секој дел од теренот.

Највозбудлив беше мечот меѓу Тримераши и Кафе Линди, каде гостите со спектакуларни 11 гола успеаја да го „разбијат“ противникот и да слават убедливо со 11:4. Головите и атрактивната игра беа во фокусот на оваа средба.


Во последниот натпревар за вечерта, Гостилница кај Мече со убедливи 6:1 ја совлада екипата на Ночелино, покажувајќи сериозна форма и желба за успех на турнирот.

Турнирот во Враништа и понатаму носи многу возбудувања, а Спортска Мрежа ќе ви ги пренесува сите најважни моменти од теренот. Очекувајте нови прилози и информации од фудбалската авантура која продолжува со неуморна енергија.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!