Останато

Во Крушево се одржа балканска конференција за Биатлон

Сподели
Сподели

Изминатиот викенд во Крушево се одржа Балканска конференција за биатлон, на која домаќин беше Биатлон федерацијата на Македонија. Настанот обедини делегати од националните биатлон федерации на Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Грција, Бугарија, Романија, Турција и Либан.

Конференцијата беше збогатена со присуството на значајни имиња од светот на биатлонот, меѓу кои и министерот за спорт на Македонија, Борко Ристовски, претседателот на Интернационалната биатлон унија (ИБУ), Оле Далин, како и членот на Извршниот одбор на ИБУ, Екатерина Дафовска.

Во фокусот на конференцијата беа теми поврзани со меѓусебната соработка меѓу националните федерации, развојни програми, организирање на заеднички тренинг кампови и имплементација на проекти со поддршка од ИБУ.

Дополнително, беше усвоен календарот за летните и зимските натпревари од Балканскиот регионален куп во биатлон за сите возрасни категории.

Претседателот на ИБУ, Оле Далин, ја истакна важноста на овој регион и дава силна поддршка за неговиот понатамошен развој, додека министерот за спорт Борко Ристовски истакна дека развојот на биатлонот ќе биде следен и поддржан преку програмите на Министерството за спорт.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Арсими – Пелистер

Со натпреварот меѓу Арсими и Пелистер се затвара есенската полусезона, мечот од 16. коло на Првата лига се игра на Градскиот стадион во...

Прва лигаФудбал

Ајдини: Пелистер знае да биде опасен, нашата цел е да ја завршиме полусезоната со победа!

Арсими денес на домашен терен ќе се соочи со Пелистер, натпревар со кој се затвара есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Двете...

Поврзани написи
Останато

Шампионот Струмица го доби дербито со лидерот Штип УГД во градот под Исарот

Актуелниот шампион Струмица со 2-3 во сетови славеше во дербито против лидерот...

Останато

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски подготвени за новата сезона и предизвиците во Планица

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски веќе се во Планица, Словенија,...

Останато

Ставре Јада со нови силни настапи на меѓународната ски сцена

Македонскиот репрезентативец Ставре Јада изминатиот викенд забележа одлични резултати на две меѓународни...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!