Кошарка

Маџари дебитант во Првата лига, Соколи 1933 се избори за „мајсторка“ против Ангели

Сподели
ФОТО: КК Маџари
Сподели

Кошаркарскиот клуб Маџари ќе игра во Првата лига следната сезона, откако и во вториот натпревар од полуфиналната плеј-оф серија беше поуспешен од тимот на МЗТ Скопје Уни Банка. Во салата „Јане Сандански“, Маџари славеше со убедливи 78:55, со што ја завери серијата со 2-0 и испиша историски пласман во елитата.

Најзаслужен за победата беше Димчевски со 17 поени, следен од Димитровски со 14 и Митков со 13. На спротивната страна, капитенот на МЗТ Уни Банка, Ангеловски, реализираше впечатливи 25 поени, но тоа не беше доволно за да се спречи елиминацијата на младиот тим.

Во вториот полуфинален меч од вечерта, одигран во Штип, Соколи 1933 се избори за одлучувачки трет натпревар против тимот на Ангели, совладувајќи ги со 80:71 и израмнувајќи ја серијата на 1-1.

Штипјани беа предводени од капитенот Караколев со 25 поени, додека Костадинов и Митев додадоа 19, односно 13 поени. Кај Ангели, Стојанов постигна 22 поени, Богатиновски 13, а Атанасов 12.

Третиот и решавачки натпревар – „мајсторката“ – ќе се одигра викендов во салата „Независна Македонија“ во Скопје, каде што Ангели ќе биде домаќин и ќе се одлучи кој ќе го заземе второто место што води во Првата лига.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Ајдини: Пелистер знае да биде опасен, нашата цел е да ја завршиме полусезоната со победа!

Арсими денес на домашен терен ќе се соочи со Пелистер, натпревар со кој се затвара есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Двете...

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Поврзани написи
Кошарка

Фаворитите според планот: Баскет Кам и Крива Паланка убедливи, Патриот со нов пораз!

Седмото коло од Првата женска кошаркарска лига донесе доминација на фаворитите и...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг...

Кошарка

Гевгелија го пречекува незгодниот ривал Шар Планина во дербито на колото

Во машката Аматерска лига викендов ќе се одиграат натпреварите од 6. коло,...

Кошарка

ФОТО: Работнички добива модерна сала по ФИБА стандарди!

Кошаркарскиот клуб Работнички добива сосема нов, современ дом – реконструираната сала во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!