Трета лигаФудбал

ФК Сатеска: Клубот нема да згасне, Сатеска не е обично име, таа е институција со 49 годишно непрекинато постоење!

Сподели
Сподели

Доцна вечерва фудбалскиот клуб Сатеска од Волино излезе со соопштение преку кое клубот истакна дека ќе продолжи да функционира и во иднина и дека сезоната ќе биде доиграна.

Дополнително, како што се вели во соопштението пеналот во мечот со Преспа бил непостоечки, а клубот добил драконски казни, притоа потенцирајќи дека клубот нема да згасне, и дека Сатеска ќе продолжи да функционира.

„Ако и најмалку сте помислиле дека после судиската режија од страна на судијата Александар Мартиноски, кој на дерби натпреварот со ФК Преспа, во 94 минута досуди непостоечки пенал за гостите и по најмалку посакуваниот инцидент по натпреварот, драконски казни за клубот, кои во фудбалска Европа не се изречени, бојкотот од поединци од Волино, дека ФК Сатеска ќе пропадне и згасне грдно се измамивте и залудно се надевавте. И со 10 и едвај 11 играчи Сатеска ќе го доигра првенството и не само тоа буквално ги прегази двата тима кои требаше да ги прегази, Караорман и Славеј, со по шест голови во нивните мрежи. Сатеска не е обично име, таа е институција со 49 годишно непрекинато постоење. И ќе постои се додека тече рекана. Благодарност до сите кои издржаа до крај во сепак и покрај се најдобрата сезона во Третата лига, а најмногу до голманот ветеран Димче, Кипро, Лука, Филип и најмладите Бојан и Јовче, кои до крај останаа со клубот“, се вели во соопштението на третолигашот од Волино.

Екипата на Сатеска од Волино се натпреварува во Третата македонска фудаблска лига – Југозапад.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!