Поради одигрувањето на финалето од Купот на Македонија на 21 мај, Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за промена на термините за одигрување на последните кола Првата и Втората македонска фудбалска лига.
Тоа значи дека сите натпреваир од последното 33. коло на Првата лига ќе се одиграт во сабота, 17 мак, со почеток од 17 часот.
Притоа, натпреварите меѓу Воска Спорт – Шкупи и Вардар – Гостивар нема да се одиграат, бидејќи екипите на Воска Спорт и Гостивар се дисквалификувани од понатамошното натпреварување во Првата МФЛ.
Последното 30. коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се одигра во недела, на 18 мај со почеток од 17 часот.