Фудбал

Омерагиќ на работна средба во Битола, подготовка на стадионот „Петар Милошевски“ за квалификацискиот меч меѓу Македонија – Италија У-21

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, заедно со претседателот на ОФС Битола, Златко Талевски, во Битола оствари работна средба и состанок со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Целта на посетата беше увид во состојбата на стадионот „Петар Милошевски“, како дел од подготовките за квалификацискиот натпревар на репрезентациите на Македонија и Италија до 21 година, закажан за 9. септември во Битола.

Фудбалската федерација на Македонија интензивно работи на исполнување на сите технички и инфраструктурни критериуми, согласно утврдени стандарди, со цел стадионот во Битола да добие лиценца за организација на УЕФА меѓународни натпревари.

Претседателот Масар Омерагиќ со градоначалникот Тони Коњановски, разговааа за заедничка координација и обврските на општината и ФФМ во подготовките.

„Ќе направиме сѐ што е потребно стадионот во Битола да ги исполни сите критериуми и да добие УЕФА лиценца. Целта ни е Битола да биде подготвена и достојно претставена како домаќин на меѓународни натпревари на македонските репрезентации.“

ФОТО: ФФМ

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!