ИнтернационалциФудбал

Бобан Николов избран во тимот на колото во босанскиот шампионат!

Сподели
Сподели

Македонскиот фудбалер Бобан Николов, играч на Борац Бања Лука, беше избран во тимот на 30. коло во босанскиот шампионат. Николов го заслужи своето место во идеалниот тим заедно со својот соиграч, Себастијан Херера.

Борац ја победи екипата на Вележ со минимални 1-0, а Николов му асистираше на Ѓорѓе Деспотовиќ, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 24. минута. И Колумбиецот Херера имаше забележителен настап, па двајцата играчи заслужено се најдоа во идеалниот тим на колото.

Тимот на Борац Бања Лука продолжува да се бори за шампионската титула со Зрињски, а до крајот на првенството остануваат уште три кола.


Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Каква драма во Крива Паланка – Ивановски во последна секунда го „расплака“ Мал Ајакс за голем триумф на Осогово!

Дербито од дното на табелата во Првата футсал лига донесе неверојатна, луда завршница со среќен крај за Осогово – Кристијан Ивановски ги „расплака“...

ИнтернационалциФудбал

Филип Поповски делегат на супер дербито од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид – Манчестер Сити

Фудбалерите на  Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе го одиграат едно од најголемите дербија во тековното коло од Лигата на шампионите, дуел кој...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона...

Прва лигаФудбал

Арсими и Пелистер со реми полн кое донесе шест гола и драматична завршница во Гостивар

Арсими и Пелистер одиграа спектакуларен меч во Гостивар, кој донесе шест гола,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!