Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Шкендија Арачиново го подигна шампионскиот пехар, убедливи победи за Ржаничино и БВК Коњаре!

Сподели
Сподели

Уште едно коло останува во Трета лига – Север, откако денес се одиграа натпреварите од претпоследното 25. коло.

Шампионот Шкендија Арачиново денес го подигна шампионскиот пехар, а забележа убедлива победа од 3:0 над Њу Старс.

Трите погодоци беа постигнати во вториот дел, а стрелци беа Јасир Беќири, Амар Мустафа и Дарио Десниќ.

БВК Коњаре со убедливи 4:1 го декласираше Аеродром на домашен терен. Најдобриот стрелец во лигата Орхан Мифтар постигна два гола, е по еден гол постигнаа Фати Јусуфи и Адмир Азировиќ. За гостинот Петар Киприновски беше стрелец за конечни 4:1.

Реми на Риниа и Башкими Љуботен од 2:2. Гостинот преку Исени имаше предност од 0:1 на полувреме, а во вториот дел домашниот тим дојде до 2:1 откако погодија Таири во 52. минута и Арифи во 55. минута.

Гостинската екипа преку Фетаи во 64. минута ги постави конечните 2:2 и поделба на бодовите.

Кадино и Беса Слупчане ремизираа во меч со осум гола за 4:4. Митроски и Крстевски погодија за поранешниот второлигаш Кадино во првиот дел, а во вториот дел стрелаа Николовски и Попоски.

За гостинот Фетаи беше стрелец на три гола, а еден гол постигна Бајрами.

Ржаничино забележа гостинска победа од 1:3 над Пчиња. На полувреме резултатот беше 0:1 со голот на Никола Сетинов, а во вториот дел Халил Калач и Иван Мицевски погодија за 0:3.

Во самиот финиш од мечот Виктор Димков постигна гол за конечни 1:3 во 87. минута.

Поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ на домашен терен со убедливи 5:1 ја декласираше Фортуна. Трифуновски погоди за 1:0 во 18. минута, а пак Реџепи постигна гол за 1:1 во првиот дел.

Во второто полувреме Оливер Пеев постигна гол во 66. минута за ново водство на домашниот тим, а пак Михаило Митров зголеми на 3:1. Во завршетокот од натпреварот Андреј Јаневски ги постави конечните 5:1.


Натпреварот меѓу Куманово и Академија Илинден не се одигра бидејќи гостинската екипа не се појавила на терен, а интересно е тоа што ниту првиот асистент односно првиот помошен судија не се појавил на натпреварот.

„По чекање од 30 мин. гостинската екипа не се појави на терен ниту најави свое доаѓање. Домашните играчи и стручен штаб присутни. Првиот асистент Ангела Милановска не се појави на натпреварот“, вака е заведено во записникот од мечот.

Инаку, за главен судија на овој меч беше делегиран Стефан Петровски од Куманово, за прв помошен судија беше делегирана Ангела Милановска од Куманово, а за втор помошен судија Татјана Ивановска од Куманово. Делегат на мечот беше Енис Исмаиљи од Слупчане.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!