Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Слога Виница со „петарда“ во Свети Николе, реми на дербито во Берово, реми и во Струмица!

Сподели
Сподели

Заврши сезоната во Третата македонска фудбалска лига – Исток, откако денес беа одиграни натпреварите од последното 18. коло.

Шампионот Слога Виница денес однесе убедлива победа од 1:5 над Овче Поле во Свети Николе, а домашните играчи со шпалир го поздравија шампионот кој се подготвува за баражот за Втора лига.

Спортски потег за поздравување од страна на фудбалерите на Овче Поле, на клубот од Свети Николе и целата управа.

Уште во првиот дел беа решени сите дилеми околу победникот во Свети Николе. Амар Исљам постигна два брзи вола за 0:2, а во 30. минута Димитар Стојановски постигна гол за 1:2. До крајот на првиот дел Давид Ристов и Игор Ѓорѓиев погодија за 1:4 на полувреме.

Во второто полувреме Филип Петковски постигна гол во 73. минута и ги постави конечните 1:5.

Натпреварот од Свети Николе меѓу Овче Поле и Слога Виница премиерно ќе можете да го следите на youtube каналот на Спортска Мрежа, понеделник од 21 часот.

Дербито во Берово меѓу Малеш и Брегалница од Делчево заврши без победник и без погодоци (0:0).

Главниот судија Александар Ананиев подели два жолти картони кај домашниот тим, а кај гостинот пет жолт и еден црвен картон.

Јован Дојчинов поради два жолти картони во 75. минута беше исклучен од игра, а тоа не го искористи домашниот тим.


Натпреварот во Струмица меѓу Хоризонт Турново и Тиверија заврши без победник (1:1) за поделба на бодовите. Миле Ѓеоргиев постигна гол по само пет минути игра, а во 43. минута од мечот Ѓорги Коцевски ги постави конечните 1:1.

Екипата на Дојранско Езеро забележа убедлива победа од 5:2 над Ударник од Пирава во дербито на Југот. За домашниот тим двојни стрелци беа Глигор Јанкулов и Петар Илиев, а пак Оливер Маринковиќ постигна еден гол. За гостинската екипа двата погодоци ги постигна Крсте Тодоров.


Екипата на Карбинци го доби дербито на домашен терен против Светлост од Зрновци со резултат од 3:2. Со голот на Христијан Крстов во 39. минута домаќинот го отвори резултатот и имаше предност на полувреме од еден гол. На стартот од второто полувреме Стефан Стефановски погоди за 1:1 во 49. минута, но брзо Карбинци преку Саше Соколов дојде до 2:1 и нова предност во 55. минута.

Не требаше многу за Карбинци со вториот гол на Крстов да дојде до предност од 3:1 во 66. минута. Три минути подоцна Саше Соколов заработи директен црвен картон, а пак фудбалерот на Светлост, Славче Митовски доби втор жолт картон и со тоа црвен картон, па така двете екипи до крајот беа со по еден играч помалку на теренот.

Во 78. минута од натпреварот искусниот Влатко Коцев во 78. минута ги постави конечните 3:2.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!