Реми без голови на Силекс и Пелистер во Кратово, во претпоследното 32. коло на Првата лига.
Реми со по еден гол (1:1) на Струга Трим Лум и Брера Струмица. Кехинде погоди за домашниот тим, а за гостите погоди Нзенгуе Мубети.
Реми и на Чаир од 1:1 меѓу Шкупи и Тиквеш. Гостинот преку Миловановиќ од белата точка поведе, а Имери ги постави конечните 1:1.
Закариќ со гол од пенал обезбеди за победа Вардар од 0:1 над Работнички.
Службени победи за Беса и Шкендија.