Ракомет

Некогаш шампион, а денес го нема на ракометната карта на Македонија: Борец се одјави!

Сподели
ФОТО: Борец - Радовиш | Суперлига 2018/2019 АРХИВА
Сподели

Ракометниот клуб Борец кој е поранешен шампион на Македонија во 1995 година, пред стартот на новата сезона во Првата ракометна лига се откажа од натпреварување.

Велешката ракометна гордост години наназад имаше финансиски проблеми, последните сезони одвај собирачи ракометари, но се одржуваше во живот со активно играње. За жал Борец го нема на ракометната карта и одлучи на ден пред почеток на новата сезона да се одјави од ракометна Македонија.

Борец беше во ждрепката и требаше да настапува во групата А на Првата ракометна лига, а неиграњето на Борец сега прави во секое коло во групата А да има дури по две слободни екипи.

Новата сезона наместо 18 ќе ја започнат 17 екипи, а како што кажавме погоре групата А наместо девет екипи ќе брои осум екипи, а откако претхдоно веќе беше извлечена ждрепката и со тоа имаше по една екипа слободна, сега поради откажување на Борец се јавува уште една „дупка“ во колата, па така ќе има по две слободни екипи.

Голем проблем за екипите не само во ракометот и во останатите спортови е доснењето на ваучери преку кои воглавно повеќето клубови се потпираа и финансираа, доколку за брзо време не се реализираат ваучерите не е исклучена и други клубови не само во ракометот, туку и во другите спортови да се откажа од натпреварување.

Борец во сезона 2018/2019 заврши на последното место во плеј-аутот без бодови и испадна од Суперлигата во Првата лига, во сезона во која Борец одвај ја доигра сезоната. До лани Борец се натпреваруваше во Првата лига и беше последен, а од оваа сезона нема да го гледаме повеќе Борец.

Велешани не можат да го прифатат фактот што градот останува без симбилот во ракометот, но со надеж дека Борец кој е основан во 1950 година ќе се врати и одново ќе биде тоа што беше во минатото.

Велес во новата сезона ќе гледа Суперлига, откако Бисинов Ф. обезбеди место во елитата, а Борец заминува во историјата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

Ракомет

Македонија ЃП го покоси Вардар среде Неготино и го оддалечи од Суперлигата!

Македонија ЃП приреди вистинско изненадување и среде Неготино го совлада фаворизираниот Вардар...

Ракомет

(ВИДЕО) ИСТОРИЈАТА Е ИСПИШАНА: Младост од Богданци е есенски шампион без пораз!

Ракометниот клуб Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата богата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!