Трета лигаФудбал

Напредок слави голема победа, триумф за Тетекс и Влазерими, Дрита пресилна!

Сподели
Сподели

Денес беа одиграни четири натпревари од второто коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад.

Во дербито на Напредок и Љуботен кое се одигра во Кичево, екс прволигашот со гол во финишот дојде до голема победа и освојување на трите бодови.

Тео Симњановски погоди во 29. минута за водство на гостинот од Тетово, а пред крајот на првиот дел Мојсеј Зафироски и Жарко Симјаноски погодија за пресврт од 2:1 на полувреме.

Во вториот дел Ивица Костадиноски постигна гол во 76. минута за 2:2, а десет минути подоцна Никола Аврамовиќ стави точка за победа на Напредок од 3:2.

Ланскиот второлигаш Тетекс на домашен терен со 2:0 славеше над новајлијата Велазерими од Слатино. „Штофарите“ потешко од очекуваното стигнаа до овој триумф, откако Бојан Стрезовски во 77. минута постигна гол за 1:0, а во судиското надополнување Филип Димитроски ги постави конечните 2:0.

Шампионот Влазерими кој него помина баражот за Втора лига забележа триумф од 0:2 во дербито со вицешампионот Џепчишти.

Во финишот на првиот дел Дрин Рустеми си постигна автогол за 0:1 за гостинот. Во вториот дел продолжи неизвесноста околу трите бодови, а Албулен Имери во 70. минута погоди за 0:2 со што шампионот влезе во помирна завршница и со тоа на крај се радуваше на трите бодови.

Дрита ја забележа највисока победа откако со 4:1 на домашен терен славеше над Речица во меч каде Брендим Рушити бееше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Хузри Џемаили и Бесим Алили. За гостинската екипа стрелец на единствениот гол беше Артан Бајрами.

Колото ќе се комплетира утре со два натпреври. Доброшти ќе го пречека Камјани, а пак Вардар Брвеница ќе игра со некогашниот прволигаш Ренова.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!