Ракомет

Следниот викенд започнува новата сезона во ракометната Суперлига

Сподели
Сподели

Следниот викенд ќе започне новата сезона во ракометната Суперлига во машка конкуренција со натпреварите од првото коло.

Екипите влегуваат во финишот на подготовките и веќе анализите и стратегиите се прават за натпреварот од првото коло, а со тоа сезоната да започне според посакуваното. Првото коло ни го носи и дербито меѓу освојувачот на Купот екипата на Алкалоид и вицешампионот Вардар, кое се игра во Автокоманда.

Во рамки на првото коло Бутел на домашен терен ќе игра против Куманово, во меч каде домашниот тим ќе ја има улогата на фаворит, а неизвесен меч се очекува меѓу Прилеп и Пролет во градот под Марковите кули. Прилепчани ќе сакаат место во плеј-офот, а во таа борба влегува и Пролет.

Радовиш по една сезона се врати во Суперлигата, откако лани заврши на второто место во Првата лига и преку бараж обезбеди експресно враќање во друштвото на најдобрите во македонскиот ракомет. Радовишани сезоната ја отвараат на домашен терен против апсолутниот фаворит Охрид, „гладијаторите“ доаѓаат по цел „плен“.

Струга на домашен терен ќе го пречека новајлијата Бисинов од Велес, екипа која за првпат во својата историја ќе игра во Суперлигата на Македонија. Меч кој е важен и за двете екипи. Стружани сезона сакаат да ја започнат со триумф против екипата на Бисинов која во новата сезона влегува со цел за да биде стабилен суперлигаш, а потоа да се надградува за високи цели.

Одбраната на шампионската титула Еурофарм Пелистер ја започнува против Тиквеш во Кавадарци, во меч каде битолчани ќе сакаат триумф против екипа која во последните неколку години вложува сериозни финансии и сака да се наметне сериозно со цел да може конкурентно да се бори за излез и место во Европа.

Во новата сезона ќе се натпреваруваат 12 екипи, наместо 16 како лани, откако Ракометната федерација на Македонија се одлучи за драстично кратење на лигата.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

Ракомет

Прилеп со силен финиш го „скрши“ Куманово, Цветаноски блесна со осум гола

Ракометарите на Прилеп стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата,...

Ракомет

Пилиповиќ: „Покажавме карактер и се вративме по тежок почеток“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!