Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со скок од едно место на светскиот ФИБА ранкинг!

Сподели
ФОТО: КФСМ
Сподели

Македонската кошаркарска машка сениорска репрезентација направи скок од едно место на најановоата светска рејтинг листа на ФИБА, по завршувањето на квалификациите и олимпискиот турнир во Париз, Франција.

Македонија сега е на 57. место на светската рејтинг листа со 198.2 бодови, а кога е во прашање европската зона на ФИБА, тука Македонија е на 30. место. Ова значи напредок за една позиција во вкупниот светски ранкинг на Македонија во однос на претходниот.

Што се однесува до нашите противници во групата Х од квалификациите Литванија е на 10. место со 698.9 бодови, а пак шеста во европската зона. Полска има пад од едно место, а сега е на 16-тото место во светската рејтинг листа со 599.8 бодови, односно на 10. во Европа, а пак Естонија остана на 44. позиција во светски рамки со 280.7 бодови, а 22. место во европскиот рејтинг.

На светската рејтинг листа прва е Америка со 838.8 бодови, втора е Србија која има 758.9 бодови, трета е Германија со 755.3 бодоови, на 4. место е Франција со 753 бодови, а пак Канада е на петтото место со 747.8 бодови.

Во однос на европската рејтинг листа прва е Србија, втора е Германија, трета е Франција, четврта е Шпанија, а пак на петтото место е Латвија.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја отвори новата сезона во Трета лига Регион 5, со што стартуваше...

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: ГФК Победа пред полни трибини тргна со „шестка“, Вардар Неготино доживеа дебакл од Бучин, радост во Пепелиште

Новата сезона во Трета лига – Регион 4 стартуваше со четири натпревари кои беа одиграни вчера, а на кои беа постигнати фантастични 25...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Женската репрезентација на Македонија до 15 години поразена од Молдавија

Женската репрезентација на Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски: За Македонија секогаш ќе даваме сè од себе, со срце и гордост

Александар Таневски вчера беше именуван за нов селектор на македонската репрезентација до...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Александар Таневски е нов селектор на Македонија У21

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Александар Таневски да...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија одигра храбро, но без сили против моќната Бугарија

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!