Во рамки на претпоследното, 25. коло од Третата лига – Југ, денес со почеток од 17:00 часот ќе се одигра натпреварот меѓу лидерот Големо Коњари и Влазними Јуниор.
Овој меч ќе биде последен за Големо Коњари на домашен терен оваа сезона, а тимот од истоименото прилепско село има историска шанса пред својата публика да го потврди првото место, да го освои шампионскиот пехар и официјално да се насочи кон баражот за влез во Втората лига.
Теренот во селото Големо Коњари е целосно подготвен за овој натпревар со шампионска конотација, каде домаќинот важи за апсолутен фаворит и ќе атакува на триумф кој ќе донесе големо славје и официјална круна на одличната сезона.
Главен судија на натпреварот ќе биде Душко Стојсавлевиќ од Прилеп.