Трета лигаФудбал

Тетекс со „петарда“ за Ренова, Љуботен со голема победа, три бода за Речица

Сподели
ФОТО: ФК Тетекс Тетово | АРХИВА
Сподели

Вчера беше отворено 24. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад со три натпревари, а на воведните три меча беа постигнати 15 гола

Тетекс славеше убедлива победа од 2:5 над Ренова на гостински терен во Џепчиште. Резултатот го отвори Ерзен Ходаи во 16. минута за 1:0, а веднаш по три минути Ерјон Елмази погоди за 1:1. „Гипсарите“ дојде до нова предност со гол на Ери Абдулахи постигнат во 23. минута за 2:1.

До крајот на првиот дел „штофарите“ преку Меритон Салији и Агон Елмази направи пресврт на 2:3. Во вториот дел со новите погодоци на Елмази и Салији беа поставени конечните 2:5.

Речица на домашен терен дојде до победа од 2:1 над екипата на Велазерими од Слатино. Домаќинот на полувреме имаше минимална предност од 1:0 со голот на Арѓент Зибери. Во вториот дел Милазим Вељии постигна гол во 63. минута за 1:1, а потоа во 88. минута Адхурим Иљази беше прецизен за конечни 2:1.

Екипата на Љуботен дојде до многу важна победа од 3:2 на домашен терен над Џепчишти. Сите пет погодоци беа постигнати во првиот дел, а во вториот дел мрежите мируваа.

Јордан Тошевски во 18. минута погоди за 1:0, само една минута подоцна Беким Садики постигна гол за 1:1. Следуваше пенал за домашниот тим, а Филип Билбилоски беше прецизен за 2:1 и нова предност за Љуботен. Но, радоста траеше само четири минути откако Садики со втор гол израмни одново на 2:2.

Во 35. минута главниот судија Ибраими Бардхиљ покажа на белата точка за Љуботен, а и овој пат Билбилоски беше прецизен за конечни 3:2. Во вториот дел голови немаше, но имаше црвен картон за Тео Симњаноски во 75. минута.

Колото ќе се комплетира денес со три натпревари. Камјани ќе игра со Зајази, Напредок во Кичево ќе го пречека тимот на Дрита, а пак Вардар во Брвеница ќе игра со Доброшти.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Ракомет

Македонските клубови меѓу регионалната елита – Охрид со најцврста одбрана, Вардар и Пелистер во офанзивниот врв!

Првите два месеци од ракометната сезона 2026/27 донесоа позитивна слика за македонскиот клупски ракомет и во регионални рамки. Според статистичкиот преглед на „Балкан...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!