Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Последното коло ќе го реши шампионот во Втора лига и патниците за Прва лига!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

За промоција од Втора во Прва лига сепак ќе мора да почекаме до последното коло, кое се игра следната сабота, откако денес дербито на 29. коло заврши без голови и без победник, Арсими и Македонија ЃП ремизираа (0:0).

Дербито беше историски меч за Арсими, стадионот беше исполнет до последното седиште, секој бараше место за да може да го следи дербито. Желбата кај тимот од Чегране за победа беше голема, а Македонија ЃП успеа да остане непоразена на тешкиот терен и така во последното коло против Беласица со победа „лавовите“ ќе направат експресно враќање во Прва лига и со победа ќе го подигнат и шампионскиот пехар.

Од оваа реми најмногу доби Башкими, кој во трилер меч го доби Детонит Плачковица на домашен терен преку пресврт со 3:2.

Резултатот во Куманово го отвори Дамјан Масевски во 21. минута за 0:1 на полувреме. Во вториот дел најдобриот стрелец на Башкими, Хусеин Демири во 54. минута погоди за 1:1, а брзо потоа домаќинот направи пресврт на 2:1 со голот на Аљбан Мемеди кој погоди во 67. минута против својот поранешен клуб.

Десет минути подоцна Јован Качевски покажа на белата точка за радовишкиот тим, а Лука Трајкоски успешно реализираше од белата точка за 2:2. Неизвесноста продолжи во финишот од мечот, стадионот беше исполнет до последното седиште Башкими ја сакаше силно оваа победа, одново победа носи Христијан Митревски кој во 88. минута постигна гол за конечни 3:2, а тоа предизвика ерупција на трибините.

Дербито на Истокот кое се игра во Македонска Каменица помеѓу Каменица Саса и Осогово заврши со минимална победа од 1:0 за домашниот тим, а стрелец на победничкиот гол беше Махир Ајрули, кој погоди во 15. минута.

Штипјани го слават младиот Бранимир Иванов, кој во 98. минута постигна гол за победа на Брегалница од минимални 0:1 на „Билјанини Извори“ над Охрид. Домашниот состав од 53. минута беше без играч помалку на теренот, откако Филип Ѓоргоски доби директен црвен картон.

Новаци со убедливи 4:0 на домашен терен го доби тимот на Скопје, во меч каде Благој Стојчев во 8. минута го отвори резултатот, до крајот на првиот дел Бобан Здравевски и Бојан Стефановски погодија за 3:0 на полувреме.

Во вториот дел Стефан Јовановски постигна гол за конечни 4:0 со што трите бодови останаа дома.

Вардар Неготино го обезбеди директниот опстанок во Втората лига откако во Богданци со 0:3 славеше над Вардарски. Димитар Јанкулов погоди за 0:1 во 20. минута, а во вториот дел Ѓорѓи Шишков и Петар Обадиќ ги поставија конечните 0:3.

Борец откина бодови од Беласица во Струмица играјќи 1:1. Струмичани го одиграа последниот меч на домашен терен, а тренерот Александар Стојанов мораше да биде на трибините, бидејќи во претходното коло заработи два жолти картони.

Максим Цониќ во 64. минута постигна гол за 1:0, а во 77. минута Матеј Цветановски погоди за конечни 1:1 и поделба на бодовите во Струмица.

После големиот пост на Кожуф без победи конечно дојде радост откако тимот ја победа Победа во Прилеп со 1:2. Боби Величков имаше доста работа на теренот, откако на Кожуф му подели дури девет жолти картони, а пак тренерот на голманите Трајче Ников поради два жолти картони заработи црвен картон, а кај Победа пожолти само голманот.

Како што е наведено во записникот двете екипи немале шеф на стручен штаб, а гостинската екипа немала ни тренер.

„Натпревар организиран по Правила и пропозиции на ФФМ. Двете екипи на денешниот натпревар нема шеф на стручен штаб во записник. А гостинската екипа нема ни тренер, физиотерапевт и преставник на клупа .Во 90+6 минута после додавење на вториот жолт картон на Трајче Ников тренер на голмани не долично ја вреѓаше целата судиска 4ка и Фудбалската Федерација со плукање, пцовки и погрдни зборови“, се вели во записникот од мечот.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 29 19 7 3 47 8 +39 64
2 АД ФК Башкими 1947 Куманово 29 19 6 4 51 22 +29 63
3 ФК АРЕСИМИ-1973 29 19 5 5 51 24 +27 62
4 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 29 17 7 5 38 22 +16 58
5 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 29 10 13 6 38 28 +10 43
6 ФК КАМЕНИЦА САСА 29 12 6 11 46 41 +5 42
7 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 29 12 6 11 35 36 -1 42
8 ФК БЕЛАСИЦА АД 29 10 10 9 35 30 +5 40
9 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 29 8 12 9 27 26 +1 36
10 ФК СКОПЈЕ АД 29 8 12 9 29 30 -1 36
11 ЗФК НОВАЦИ 2005 29 9 8 12 31 31 0 35
12 ГФК ВАРДАР Неготино 29 10 3 16 34 48 -14 33
13 ФК ПОБЕДА АД 29 8 8 13 26 32 -6 32
14 ГФК ОСОГОВО 29 6 8 15 25 44 -19 26
15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 29 3 5 21 18 53 -35 14
16 ФК ВАРДАРСКИ 29 3 2 24 21 77 -56 11

Во однос на табелата мора да потенцираме дека натпреварот од Гевгелија меѓу Кожуф и Башкими не е регистриран и ќе се очекува одлука што ќе биде со овој натпревар. Со оглед на тоа дека ФФМ информираше дека тој меч не е регистриран, тоа значи дека Башкими има меч помалку (ќе се чека исходот за мечот од Гевгелија), па во такво ситуација ќе има 60 бодови и ќе се наоѓа на третото место.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаПрва лигаТрета лигаФудбал

ФФМ со нова инвестиција од 20.000 столчиња за стадионите низ Македонија

Фудбалската инфраструктура во земјава ќе добие ново освежување откако Фудбалска федерација на Македонија најави конкретна поддршка за домашните клубови преку подобрување на условите...

Ракомет

По Бутел, мислите кон Прага – Петриќ: „Не смееме да се опуштиме“

Ракометарите на ГРК Охрид успешно ја одработија обврската во Супер лигата меѓу двата европски предизвици и запишаа сигурна победа над Бутел Скопје со...

Поврзани написи
Втора лигаПрва лигаТрета лигаФудбал

ФФМ со нова инвестиција од 20.000 столчиња за стадионите низ Македонија

Фудбалската инфраструктура во земјава ќе добие ново освежување откако Фудбалска федерација на...

Фудбал

Еве кои одлуки беа донесени на управниот одбор: Суспензија за ОФС Кичево, нов претседател на комисија за натпреварување

На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе повеќе...

ИнтернационалциФудбал

Првиот човек за судии во УЕФА гостин во Македонија на покана на Омерагиќ

Во организација на Фудбалската федерација на Македонија, во четврток со почеток од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!