Денес се игра дербито на претпоследното 29. коло на Втората македонска фудбалска лига, Арсими против Македонија ЃП.
Лавовите” од Ѓорче, предводени од тренерот Бобан Грнчаров, одат по победа која ќе значи шампионска титула и експресно враќање на Македонија ЃП во Првата македонска фудбалска лига.
Од друга страна, екипата на Арсими, предводена од тренерот Вилдан Салиу, оди по историја, оди по победа која ќе значи историски влез во Првата македонска фудбалска лига.
Дербито на 29. коло се игра на Градскиот стадион во Гостивар, каде екипата на Македонија ЃП со победа ќе ја освои шампионската титула во ВМФЛ и се враќа експресно во Првата македонска фудбалска лига.
Од друга страна, победа за Арсими ќе значи историја, влез во Првата лига и освојување на шампионската титула во Втората македонска фудбалска лига.