Големото финале од Купот на Македонија во женска конкуренција меѓу Љуботен и Тиверија Брера ќе се игра на 14 мај (среда) на теренот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), со почеток од 14 часот.
Љуботен е бранител на трофејот, откако во полуфиналето со 0:2 славеше над Каменица Саса во реприза на ланското финале, и така тимот од Тетово обезбеди ново финале.
Тиверија Брера ќе атакува на својот прв Куп на Македонија, откако во полуфиналето минимално ја совлада екипата на Скопје со 1:0.