Втора лигаФудбал

Арсими игра за историја – дерби против Македонија ЃП за влез во Прва лига!

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

По 52 години чекање, Арсими е на чекор до најголемиот успех во историјата на клубот – пласман во Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Чегране ја има шансата да го испише најславното поглавје во своето постоење, а првата пречка на патот е лидерот на Втората лига – Македонија ЃП.

Во сабота со почеток од 17 часот, на Градскиот стадион во Гостивар, ќе се одигра дерби-дуел од 29. коло на Втората лига кој може да го одреди судбинскиот пат на Арсими. Натпреварот претставува повеќе од обичен спортски настан – тоа е симбол на страста, истрајноста и љубовта кон клубот кој стана гордост на Чегране и целиот регион.

Клубот преку официјално соопштение упати апел до навивачите да го исполнат стадионот до последното место и да бидат ветар во грб на фудбалерите во овој историски момент:

„52 години чекање за овој историски момент, за нешто што некогаш ни во сон не сме го замислувале. Утре сите на Градскиот стадион во Гостивар – да го исполниме секое седиште, да чукаат срцата како едно, и да одекнува силно вашиот глас! Да станеме 12-тиот играч на тимот, да дадеме сè за Арсими! Играме за историја, играме за Прва лига“, се вели во клупското соопштение на ФК Арсими.

Главен судија на мечот ќе биде Александар Грујоски од Кичево, а атмосферата во Гостивар се очекува да биде спектакуларна. Арсими и со реми и пораз би можел да патува во Прва лига, во таков случај како второпласиран и ќе го чека расплетот на последното коло.


Арсими го чека меч на генерацијата – време е за историја! Чегране се подготвува за мобилизација, Гостивар ќе биде во жолто црни бои.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!