Во недела ќе се одиграат натпреварите од претпоследното 25. коло на Третата македонска фудаблска лига – Југ, а сите пет натпревари ќе започнат во 17 часот.
Во рамки на претпоследното коло слободни ќе бидат екипите на Слога од Лажани и Ултрас. Познати се судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на петте натпревари во Трета лига – Југ.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 25. КОЛО ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ:
Младост – Превалец, Атанас Таневски (Кавадарци)
Росоман – Бучин, Николче Димовски (Велес)
Венец – Башкими 2008, Дарко Макалоски (Прилеп)
Големо Коњари – Влазними Јуниор, Душко Стојсавлевиќ (Прилеп)
Питу Гули – Дреново, Филип Јованоски (Прилеп)