Останато

Скопје домаќин на врвен тениски спектакл – пристигнува MACEDONIAN OPEN 2025!

Сподели
Сподели

Од 18 до 24 мај, главниот град Скопје ќе биде во центарот на тениската мапа со одржувањето на „Macedonian Open 2025“, АТП Челинџер турнир кој ветува тенис од највисоко ниво и незаборавна спортска атмосфера.

Натпреварите ќе се одржат на терените на ТК Југ во Градски парк, а настанот носи награден фонд од 100.000 американски долари, што го прави најпрестижниот тениски турнир што некогаш се организирал во нашата земја.

На турнирот ќе учествуваат врвни светски тенисери, талентирани млади ѕвезди и идни шампиони од глобалната сцена, но и нашите најдобри тенисери кои ќе ја имаат поддршката од домашната публика. Меѓу нив се Калин Ивановски, Берк Бугариќ, Горазд Србљак и Амар Хусеиновиќ, кои ќе имаат шанса да се докажат на домашен терен.

Организаторите најавуваат високо ниво на подготовка, одлични услови за игра и спортска манифестација што ќе остави траен белег во македонскиот тенис. „Macedonian Open 2025“ е не само спортски, туку и културен и туристички настан, кој ќе привлече внимание од поширокиот регион.

Остануваат уште многу малку до стартот, а подготовките се во полн ек. Љубителите на тенисот уште сега може да го резервираат своето време за да бидат дел од тениска недела што ветува неизвесност, квалитет и емоции на највисоко ниво.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У19 не успеа против Швајцарија, фокусот сега е кон Малта

Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир во Б-лигата, репрезентацијата на Македонија загуби од Швајцарија со минимални 1:0. Избраниците на селекторот Димитар Капинковски имаа...

ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со своите помошници Милан Илиевски и Иван Јовановски, обезбедија пласман во финалето...

Поврзани написи
Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!