Навивачката група „Фантоми“ вчера го блокирале стадионот и не дозволиле играчите да истрчаат на истиот, со тоа тренингот бил откажа, а мрежите биле извадени од головите.
Вака информираа навивачите преку соопштение објавено на нивната фејсбук страница.
„Денеска го блокиравме стадионот и не дозволивме играчите да истрчаат на истиот! И со тоа денешниот тренинг беше откажан а мрежите беа искарани од головите! На играчите им укажавме дека повеќе не се добредојдени во Гевгелија и во нашиот клуб! И од истите беше побарано час поскоро да го напуштат градот! Бидејќи овде не заслужуваат да се присутни ни минута повеќе! Срамот кој го јаде нашиот клуб и град е неприфатлив! Не застануваме овде! Одговорност ќе има! Кожуф без наши членови во раководството е повеќе од неприфатливо! Повеќе информации наскоро! Ќе го вратиме Кожуф таму каде што му е местото!“, се вели во соопштението на навивачката група „Фантоми“.
Навивачите потоа излегоа и со ново соопштение, а во истото се вели дека било побарано младите играчи од Гевгелија да ги одиграат последните два натпревари од Втората лига, а притоа како што се вели во соопштението било побарано дел од играчите и тренерот да си заминат од клубот.
„Почитувани на денешниот состанок едногласно беше одлучено да ги замолиме младите играчи од нашата Гевгелија да застанат и гордо да ги бранат боите на нашиот клуб! Останаа уште два натпревари и сакаме истите да ги одиграат тие! Ја имаат нашата безрезервна поддршка! Гевгелија и Фантоми се со вас! Да не дозволиме овој клуб да згасне! Без разлика на резултатот застанете и машки одбраните ги боите и гордоста на нашиот Кожуф! Вие сте нашата иднина! А воедно е одлучено и побарано дел од играчите и тренерот да бидат истерани од клубот поради сомневање дека тие се вистинските виновници за случувањата во вторникот против ФК Башкими! Не очекуваат уште 2 натпревари до крај! А од институциите бараме до крај да се истера овој случај и вистинските виновници да бидат жестоко казнети! Никој не смее да си игра со името и честа на нашиот КЛУБ! Поединците кои го направија овој срам ќе бидат јавно објавени од наша страна веднаш по завршувањето на истрагата! Очекуваме максимално залагање на сите институции и што побрз краен резултат!“, се вели во соопштението на навивачката група „Фантоми“.
Фудбалскиот клуб Кожуф како и Башкими се дадени на Дисциплинска комисија при ФФМ, а за натпреварот од вонредното 28. коло на Втората лига како што информираше ФФМ, запознаена е и УЕФА.