Трета лигаФудбал

Филип Петковски изби на врвот како најдобар стрелец во Трета лига – Исток, пред Игор Ѓорѓиев!

Сподели
Сподели

Едно коло пред крајот на сезоната во Трета македонска лига – Исток, имаме нов лидер на листата на стрелци. Филип Петковски од Слога Виница е новиот најдобар стрелец со 18 постигнати голови.

Петковски, кој пристигна во Слога Виница во зимскиот преоден рок, успеа да го надмине досегашниот водечки стрелец Игор Ѓорѓиев, кој долго време беше на врвот. Сега Ѓорѓиев е втор со 17 гола, додека трет е Октај Амедов со 16. Важно е да се истакне дека сите тројца најдобри стрелци настапуваат за истиот клуб – Слога Виница.

На четвртото место се наоѓа Петар Илиев од Дојранско Езеро, а Дарко Нацев од Овче Поле има осум постигнати гола.

Интересен податок е дека досега пет фудбалери си постигнале автоголови. Се работи за:

  • Драган Гаврилов (Светлост Зрновци)

  • Живко Гоцев (Хоризонт Турново)

  • Миле Димитров (Карбинци)

  • Матеј Левков (Малеш)

  • Ване Митев (Дојранско Езеро)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Ракометниот караван пристигна во Струга: Андреа Лекиќ ги воодушеви најмладите

Денес, спортската сала „Тими“ во Струга беше исполнета со детски насмевки, позитивна енергија и љубов кон ракометот. Најмладите имаа можност да се дружат,...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Пехарот има пет различни освојувачи, но само една екипа сега брка втора титула – за експресно враќање во Прва лига

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, а со неа повторно се отвора и трката за шампионскиот пехар и пласман...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Дерби на Саса и Скопје, Истатов со Ржаничино, Љуботен кај Билјанини Извори, Вардар против Пелистер

Денес беа одредени паровите за осминафиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!