Трета лигаФудбал

Важна победа за Света Троица, Славеј во Мешеишта го совлада лидерот Преспа!

Сподели
Сподели

Денешното вонредно 19. коло во Трета лига – Југозапад донесе многу погодоци. Најмногу имаше на мечот меѓу Велешта и Сатеска од Волино, откако домашниот тим со 5:2 беше подобар.

Резултатот го отвори Ерхан Шеиш во 3. минута од мечот, а во 18. минута најдобриот стрелец во лигата Никола Секулоски израмни на 1:1. По три минути игра Елмаз Шеи со гол од белата точка обезбеди 2:1 на полувреме.

Во вториот дел Беким Бески постигна еден гол за Велешта, а двоен стрелец беше Рами Винца, додека пак за тимот од Волино уште еден гол даде Секулоски.

Трите бодови останаа во Мешеишта откако Славеј со 2:0 славеше победа над лидерот Преспа, кој е веќе шампион, па така тимот од Ресен се подготвува за баражот за Втора лига.

Валентин Ѓорѓиески во 41. минута постигна гол за 1:0 на полувреме, а во вториот дел Стефан Бушиноски во 63. минута ги постави конечните 2:0.

Кравари забележа домашна победа од 2:1 над Демир Хисар, во меч каде гостинот се обидуваше да дојде до трите бодови. Резултатот го отвори Андреј Ристески во 24. минута за 1:0 во првите 45 минути.

Во вториот дел Тоше Беделовски си постигна автогол во 83. минута со што резултатот беше 1:1. Таман кога сите мислеа дека ќе има поделба на бодовите, Филип Кебаковски во 95. минута ја стресе мрежата на гостинот за конечни 2:1, па така трите бодови останаа дома.


Трите бодови останаа во Охрид откако на теренот со вештачка трева при СРЦ „Билјанини Извори“ екипата на Света Троица со 3:1 го доби некогашниот второлигаш Кораб од Дебар.

Резултатот во Охрид беше брзо отворен откако Кристијан Петкоски постигна гол во 14. минута за 1:0, а по пет минути Димитар Кочески погоди за 2:0. Во вториот дел охриѓани веќе во 53. минута имаа 3:0, кога погоди Хади Сулејмани, а во 60. минута Адис Трапи ги постави конечните 3:1.

Во рамки на 19. коло слободна беше екипата на Влазними од Струга.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа, мечот меѓу Евротип и Караорман не се одигра, откако стружани не допатуваа во Кукуречани.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!