Останато

Струмица повторно на врвот во македонската одбојка – осма титула по ред за шампионот!

Сподели
Сподели

Шампионската титула и оваа сезона останува во Струмица! Екипата на Струмица ја одбрани шампионската титула во машката сениорска одбојкарска лига, откако во четвртиот натпревар од финалната серија го совлада Штип УГД со 3:1 (25:21, 25:19, 16:25, 25:23), за конечни 3:1 во победи.

Ова е осма шампионска титула во низа, а вкупно 12-та во клупската историја за струмичани, кои со тоа ја потврдија својата доминација на македонската одбојкарска сцена.

По поразот во третиот меч во Штип, одбојкарите на Струмица со јасна цел влегоа во дуелот – да стават точка на финалето и да ја заокружат успешната сезона пред својата публика во струмичката сала „Парк“. Успеаја да поведат со 2:0 во сетови со моќна игра, а и покрај падот во третиот сет, успеаја да се вратат и во четвртиот, по голема драма, да ја обезбедат титулата.

 

Штип УГД направи сериозен камбек во завршницата на четвртиот сет, намалувајќи од 13:20 до 21:21, но струмичани беа посконцентрирани и ја искористија првата меч-топка за големо славје во салата „Парк“.

„Имав чест да бидам дел од уште една историска победа на нашите одбојкари од ОК Струмица, кои со пожртвувана и маестрална игра – и покрај сите неправди, притисоци и обиди за обесхрабрување – ја обезбедија титулата шампиони на Македонија! Овој успех е плод на континуирана работа, силна мотивација и беспрекорна тимска хемија. Честитки до секој играч, до стручниот штаб и до верната публика која беше вистински играч повеќе! Горд сум што Струмица останува препознатлива по спортот, победите и заедништвото“, истакна градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, кој синоќа беше во салата „Парк“.

Најефикасен кај шампионот беше Нилсен со 26 поени, Кинтеро додаде 15, а Лепидовски осум. Кај Штип УГД, Задмард реализира 21 поен, Багаев 18, а Гомез осум.

Како утеха за штипјани останува трофејот од Купот на Македонија, кога во големото финале кое се играше во Радовиш екипата на Штип УГД со 3:0 во сетови ја доби Струмица, па така и двете екипи ја завршуваат сезоната со по една круна – вистинска потврда дека се најдобрите во македонската одбојка.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Останато

Ланските финалисти ќе се соочат во полуфиналето, Наковски Волеј против Младост УГД во Купот

Бранителот на титулата Наковски Волеј ќе се соочи со Младост УГД во...

Останато

Спортски дух и силна конкуренција на Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До ИТФ

Во саботата, на 14 март, се одржа Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До...

Останато

Македонија го доби првиот параолимпиец на ЗОИ во Милано и Кортина

Зоран Јовановски испиша нова страница во историјата на македонскиот спорт, станувајќи првиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!