ФудбалЧетврта лига

Студеничани е шампион во Општинската фудбалска лига Кисела Вода

Сподели
Сподели

Екипата на Студеничани доминираше во Општинската фудбалска лига во Кисела Вода или Четврта лига по ранг на натпреварување и со максимален учинок стана шампион.

Екипата на четири кола до крајот од првенството стана шампион, а на овие досега 14 одиграни натпревари Студеничани има максимални 14 победи, има најмногу постигнати погодоци дури 82 гола, а прими само четири со што ја има и најдобрата одбрана, а на своето конто има 42 бодови.

Пред екипата на Студеничани сега е баражот за влез во Третата македонска фудбалска лига – Север.

Минатата сезона немаше среќа во баражот екипата на Студеничани, откако првиот го загуби од Пчиња, а вториот од Њу Старс и така остана во ОФЛ Кисела Вода.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Кукуловски: „Со дисциплина во напад и одбрана – до нова победа!“

По европскиот предизвик против Целје, ракометарите на ГРК Охрид се насочуваат кон нов натпревар во плеј-офот, овојпат против тимот на Бутел. Густиот распоред...

Трета лигаФудбал

ФК Венец за мечот со Превалец: „Ова не е победа, туку горчлив доказ дека вредностите се нарушени“

Само 12 минути се играше натпреварот во Долни Дисан меѓу Венец и Превалец, кој при резултат од 2:0 беше прекинат откако гостинската екипа...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Додев: Во добра серија сме, играме добро, очекуваме победа против Струга Трим Лум

Силекс заостанува седум бода зад третата позиција на табелата, но денеска таа...

Прва лигаФудбал

Компаоре: Им должиме добар натпревар на нашите навивачи, се надеваме на победа

Струга Трим Лум денеска на домашен терен го пречекува Силекс и ќе...

Прва лигаФудбал

Мислими: Во Тетово не чека најтежок натпревар – вистинска гладијаторска борба

Екипата на Башкими, по поразот од Струга Трим Лум и суспензијата на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!