Останато

Јанта Волеј на праг од трофејот – втора победа против Работнички во финалето!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање! | АРХИВА
Сподели

Одбојкарките на Јанта Волеј КВ направија огромен чекор кон титулата во Првата женска лига, откако славеа на гостински терен против Работнички Скопје со 1:3 (27:25, 13:25, 17:25, 18:25) и поведоа со 2:0 во финалната серија.

Тимот на Никола Јаневиќ направи „брејк“ во салата „Борис Трајковски“, со што доби можност да ја завери титулата пред домашната публика – третиот натпревар е закажан за петок во салата „Независна Македонија“ со почеток во 19:30 часот.

По нестабилниот прв натпревар од финалето, овојпат Јанта Волеј одигра значително посигурно. Најдобра на теренот беше Мери Бошковска со 23 поени, а тимот целосно доминираше во сите сегменти од втората па до последната четвртина. Исто така, придонесе и Ана Георгиевска која додаде 11 поени.

Работнички добро го отвори мечот и го доби првиот сет во неизвесен финиш (27:25), но потоа следуваше пад во играта. Тимот на Душко Деспотовски немаше решение за играта на противникот и направи низа технички грешки кои го отворија патот за нов триумф на Јанта.

Иако во четвртиот сет при 16:16 се чинеше дека Работнички може да го врати ритамот, тоа не се случи. Јанта Волеј ја задржа концентрацијата и го затвори мечот во своја корист.


Најефикасни кај Работнички беа Стакхаус со 11 и Василевска со 9 поени, но тоа не беше доволно да се избегне втор пораз.

Доколку Јанта Волеј победи и во третиот натпревар, титулата ќе заврши во нивни раце.


Сподели

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје...

Останато

Ивановски избори финале на турнирот М25 во Загреб

Македонскиот дејвис куп реперезентативец Калин Ивановски успеа да се пласира во финалето на М25 Загреб турнирот откако во...

Останато

Ѓорческа ќе игра против финалистката од ланскиот Вимблдон

По историскиот успех и пласманот на главниот турнир на Вимблдон, кој го...

Останато

ФОТО: По блесокот во Норвешка, Изабела Зајков се подготвува за Светското првенство во Полска

Младата македонска натпреварувачка во бразилско џиу-џицу (BJJ), Изабела Зајков, зад себе има...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!