Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе ја делат правдата на клучен меч за ЕП 2026!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Нашите реномирани судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски добија значајна доверба од Европската ракометна федерација и ќе ја делат правдата на дерби натпреварот меѓу Австрија и Швајцарија во рамки на квалификациите за Европското првенство 2026.

Оваа средба, која ќе се одигра на 11 мај во Грац со почеток од 18:00 часот, е директна пресметка за второто место во групата – позиција што обезбедува директен билет за настап на континенталниот собир. Тимот што ќе заврши на третото место ќе мора да се надева на поволен расплет во останатите квалификациски групи.

Фактот дека македонскиот судиски тандем е избран да ја дели правдата на ваков натпревар само ја потврдува нивната квалитетна работа и респектот што го уживаат на меѓународната сцена.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Раде Цицмиловиќ се врати во Беласица, дебито ќе го има на градското дерби со Брера!

Она што Спортска Мрежа го најави во текот на вчерашниот ден, доби официјална потврда – Раде Цицмиловиќ е нов тренер на Беласица! Искусниот...

КупФудбал

Денеска се дознава последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија!

Денеска ќе биде комплетиран списокот на осминафиналисти во Купот на Македонија. Последното место во следната фаза ќе го пополнат Вардар Неготино или Работнички,...

Поврзани написи
Ракомет

Ексклузивно за Спортска Мрежа: Моралес пред реваншот со Вардар: „Мораме да се бориме за секоја топка!“

Екипата на Висла Плоцк ја очекува реваншот со Вардар во четвртото коло...

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на...

Ракомет

Литвански арбитри ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Висла и Вардар!

Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, а за регуларноста...

Ракомет

Алкалоид ја пречекува Струга пред европската пресметка со Келаг Ферлах

Пред европскиот предизвик и двомечот со австрискиот Келаг Ферлах во ЕХФ Европскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!