Втора лигаФудбал

Арсими ја има најдобрата форма во Втора лига – тимот од Чегране игра допадлив фудбал!

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Екипата на Арсими ја има најдобрата форма во Втората македонска фудбалска лига на последните пет меча, тимот од Чегране има четири победи и едно реми и од можни 15 освоени 13 бодови.

Вилдан Салиу успешно го води Арсими на патот кон историски влез во Првата македонска фудбалска лига, а веќе во сабота во директно дерби со Брегалница од Штип ќе биде вистински тест за формата на Арсими, како и за тоа дали тимот од Чегране ќе ја продолжи победничката форма и ќе стигне до директен влез во Првата лига.

Уште додека Арсими беше во Трета лига – Запад, Спортска Мрежа редовно известуваше за овој тим, редовно ги следете сите натпревари, впрочем сме први што започнавме темелно да ја работиме Третата македонска фудбалска лига на високо професионално ниво, а уште тогаш известувавме дека Арсими има одлични управа која знае како со визија на долги патеки да го води клубот и да го донесе еден ден и до Прва лига.

Првата цел од нашите најави се оствари, тимот од Трета лига – Запад преку бараж совладувајќи го Овче Поле на 22 јуни 2022 година со 1:4 стигна до Втора лига.

ФОТО: ФК Арсими

Во првата сезона на Арсими како второлигаш односно 2022/2023 екипата заврши на осмото место со 40 бодови на своето конто, а пак минатата сезона заврши на високото четврто место со 51 бод на своето конто и всушност ја имаше најдобрата сезона.


Годинава Арсими е пред портите на Прва лига и зависи сам од себе до крајот, оваа сезона тимот од Чегране е пред можноста да ја испише најголемата клупска историја.

Во сабота Арсими игра против Брегалница на домашен терен, потоа оди кај Борец тим кој веќе е во Трета лига – Југ, потоа на домашен терен Арсими игра дерби меч со Македонија ЃП и може тој меч да биде решавачки, а во последното коло Арсими оди во Неготино кај Вардар.


  • ТАБЕЛА ОД ФОРМАТА НА ВТОРОЛИГАШИТЕ ЗА ПОСЛЕДНИТЕ 5 МЕЧА, ДО 26 КОЛО:


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Македонските навивачи го загреваат Глазгов – Кипре и Јованка пристигнаа, се подготвува голем собир пред дуелот со Шкотска!

Глазгов полека се обојува во црвено-жолто пред утрешниот фудбалски натпревар меѓу Шкотска и Македонија, кој ќе се одигра на легендарниот „Хампден парк“, со...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!