ФудбалФудбалска репрезентација

Женската репрезентација на Македонија до 16 години ремизираше со Албанија и заврши на првото место!

Сподели
Сподели

Женската репрезентација на Македонија до 16 години под водство на селекторот Катерина Милеска учествуваше на УЕФА меѓународниот развоен турнир во Албанија во период од 13 април заклучно со денес.

Токму денес Македонија го одигра последниот натпревар против домаќинот Албанија, а исходот беше реми со по еден гол 1:1.

Домашната репрезентација поведе со гол од пенал во 25. минута, а Македонија израмни преку Ема Нановска во 57. минута. Македонија може да жали за овој резултат бидејќи можеше и да го добие мечот бидејќи не искористи безброј шанси.

  • КОНЕЧНА ТАБЕЛА ОД УЕФА МЕЃУНАРОДНИОТ РАЗВОЕН ТУРНИР ВО АЛБАНИЈА:
Место Репрезентација Знаме Бодови
1 Македонија Македонија 6
2 Бугарија Бугарија 5
3 Албанија Албанија 5
4 Грузија Грузија 2
  • ТАБЕЛАТА Е КРЕИРАНА ОД СПОРТСКА МРЕЖА

Ова е голем резултат за женската репрезентација на Македонија до 16 години, која имаше голем успех на УЕФА меѓународниот развоен турнир во Албанија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската...

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!