ФудбалФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 18 години поразена од Словачка на вториот контролен натпревар

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентацијата на Македонија до 18 години предводена од селекторот Ерхан Селими беше поразена со 3:1 од соодветната селекција на Словачка во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.

Јан Брнула го отвори резултатот на средбата со погодок во 18. минута. На 2:0 зголеми Кристијан Стручка во 28. минута.  Филип Трело го постигна третиот погодок за Словачка во 45. минута.

Во продолжението од средбата избраниците на селекторот Ерхан Селими успеаа само да го намалат резултатот. Давид Стојановски беше стрелец на погодокот во 60. минута.

Првиот контролен натпревар помеѓу овие две репрезентации заврши нерешено 1:1.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Арсими – Пелистер

Со натпреварот меѓу Арсими и Пелистер се затвара есенската полусезона, мечот од 16. коло на Првата лига се игра на Градскиот стадион во...

Прва лигаФудбал

Ајдини: Пелистер знае да биде опасен, нашата цел е да ја завршиме полусезоната со победа!

Арсими денес на домашен терен ќе се соочи со Пелистер, натпревар со кој се затвара есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Двете...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Арсими – Пелистер

Со натпреварот меѓу Арсими и Пелистер се затвара есенската полусезона, мечот од...

Прва лигаФудбал

Ајдини: Пелистер знае да биде опасен, нашата цел е да ја завршиме полусезоната со победа!

Арсими денес на домашен терен ќе се соочи со Пелистер, натпревар со...

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!