Прва женска фудбалска лигаФудбал

Саса ја доби Речица – два гола на Антонина Шопска, Љуботен не виде мака во Битола, реми без голови во Пржино!

Сподели
Сподели

Актуелниот шампион и лидер на табелата Љуботен не виде мака на гостувањето во Битола каде со 0:3 го доби Топ Гол за продолжување на победничката низа на патот кон одбрана на шампионската титула во Првата женска фудбалска лига, а во рамки на 20. коло на Првата женска фудбалска лига.

Шампионот во Битола дојде како на прошетка или на лесен тренинг натпревар, а на клупата за резерви имаше само три фудбалерки.

Тетовскиот тим преку интернационалката од Нигерија, Мариан Огочукву Охадиве го отвори резултатот за водство од 0:1 по првите 45 минути. Во второто полувреме Хава Мустафа постигна гол за 0:2 во 50. минута, а дваесет минути подоцна Настасја Накова ги постави конечните 0:3.

Во Пржино немаше победник, Истатов и Атлетико ги поделија бодовите, откако ремизираа без погодоци (0:0).

Каменица Саса со 2:3 ја доби екипата на Речица на гостински терен, во меч каде Антонина Шопска со два брзи гола рано обезбеди предност од 0:2, а веќе во 16. минута Туане Де Соуза Фрагосо зголеми на 0:3.


Во второто полувреме Анабела Николовска си постигна автогол, а пак во 74. минута Емили Митковска ги постави конечните 2:3.

Колото ќе се комплетира во сабота со натпреварот во Струга меѓу Ас Јунајте и Тиверија Брера.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!