Ракомет

Радовиш слави прва гостинска победа – совладан Прилеп, реми во Прилеп, тренинг-победи за Еурофарм Пелистер и Вардар!“

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Радовиш дојде до првата гостинска победа оваа сезона и за првпат го напушти дното на ракометната Суперлига, откако со 26:28 го совлада Прилеп во рамките на 4. коло од плеј-аутот.

Радовиш триумфираше во градот под Марковите Кули во натпревар со многу пресврти, израмнета игра и борба за секоја топка. Тимот одлично го отвори мечот со водство од 1:3, и одржуваше предност од еден до два гола, но Прилеп успеа до крајот на првото полувреме да направи пресврт и да замине на пауза со 14:13.

Во вториот дел прилепчани поведоа со 22:20, но Радовиш потоа направи серија од четири гола и поведе со 22:24. Во финишот имаше и плус три, за на крај да триумфира со 26:28, што е втор последователен триумф за тимот, кој се доближува до посакуваната цел – директен опстанок во Суперлигата.

Лазар Адамовиќ беше лидер на Радовиш со 11 голови, додека Ивица Илиев и Славе Јанковски постигнаа по пет. Во таборот на Прилеп најпрецизен беше Дениес Шабановиќ со седум погодоци.

Радовиш имаше и поддршка од своите навивачи – верните „Лебари“, кои беа присутни во Прилеп и го бодреа својот миленик на патот до првата гостинска победа оваа сезона.


Борец ФЛ и Струга ги поделија бодовите откако ремизираа со 24:24. Мечот во Велес беше вистински предизвик за двете екипи во борбата за важни бодови.

Бериша Цвитановиќ беше најпрецизен кај домаќините со седум голови, додека кај Струга се истакна Александар Стојков со десет погодоци.


Вардар, како на лесен тренинг, го совлада Тиквеш со 32:24, и ги задржа трите бодови дома. Најефикасен кај Вардар беше Петриќ со седум голови, додека за Тиквеш се истакна Гачевиќ со шест.

Во следното коло, Вардар ќе го игра големото дерби во Битола против актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.


Убедлива победа вечерва забележа и Еурофарм Пелистер, кој во Скопје славеше над Бутел со 22:34.

Очекуваната победа на битолчани ја предводеше Дејан Манасков со шест гола, а Тајник, Борзаш и Хосни постигнаа по три. За Бутел, најпрецизни беа Дејан Михајловиќ и Димитар Узунчев со по четири гола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!