Ракомет

Сафранко: Се надевам дека ќе успееме да се кренеме психички после овој натпревар и ќе успееме до победа против Тиквеш

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид вечерва го загуби соочувањето со Алкалоид, во меч каде 4. коло на плеј-офот на Суперлигата. Натпреварот за Спортска Мрежа го коментираше Рудолф Сафранко,

Како што вели ракометарот на Охрид, се надеваат дека ќе се кренат психички после овој меч со Алкалоид и во следното коло ќе забележат триумф над Тиквеш.

„Па доста лошо одигравме на крајот, се изгубивме целосно и некако како да паднавме во некоја црна дупка, направивме 5:0 или 6:0 и исчезнавме..воопшто не знам што паметно да кажам. Пробавме некако да се извадиме, но само паѓавме сѐ подлабоко и ништо не ни одеше од рака..поминуваа покрај нас таму каде што не смее да пројдат, правевме глупави технички грешки, промашувавме добри прилики и на крај сликата е таква каква што е.. Се надевам дека ќе успееме да се кренеме психички после овој натпревар и ќе успееме да стигнеме до победа против Тиквеш“, рече Сафранко во изјава за Спортска Мрежа.

Следното коло Охрид ќе гостува кај Тиквеш во меч за четвртото место во плеј-офот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!