ФудбалФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 18 години ремизираше против Словачка на првиот контролен натпревар во Скопје

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентацијата на Македонија до 18 години ремизираше против соодветната селекција на Словачка во рамките на првата контролна средба помеѓу овие две селекции.

Во Скопје, на тренинг центарот “Петар Милошевски”, во еден интересен и до самиот крај неизвесен натпревар, Македонија и Словачка одиграа 1:1.

По првите 45 минути, мрежите мируваа. Двете репрезентации имаа свои прилики кои не успеаа да ги реализираат.

Во продолжението, противникот го отвори резултатот во 54. минута. Стрелец на водечкиот погодок беше Павлик. Со гол од пенал во 77. минута, избраниците на селекторот Ерхан Селими го израмнија резултатот. Сигурен од белата точка беше Али.

Втората контролна пресметка, овие две селекции ќе ја одиграат во четврток, на 17 април, со почеток во 13. часот.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!